Конкурси

Конкурс наставник-ментор

Најважната алка во воспитно – образовниот процес се наставниците. Од нив, најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат низ училишните клупи. Свесни за оваа вистина, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука во Планот за темелна реформа на националниот образовен систем, покрај бројните промени во сите сегменти на сферата, предвидоа и низа системски мерки кои директно ќе влијаат на личната мотивација на наставниците за работа и ќе придонесат за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност.

Една од тие мерки произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и предвидува можност за кариерен напредок во звања (ментор и советник) по исполнувањето на одредени пропишани услови и за тоа наставникот, односно стручниот соработник во иднина добива соодветен дополнителен паричен надоместок како дел од личниот доход од работниот ангажман.

Имплементацијата на оваа мерка започнува на самиот почеток на календарската 2021 година и ова е првиот јавен повик објавен за таа цел.

Ги повикуваме сите наставници од јавните основни училишта да го разгледаат повикот и доколку ги исполнуваат условите за аплицирање, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок и да го остварат своето законско утврдено право за напредување во звање ментор.

https://karierenrazvoj.mon.gov.mk/konkursi/login

MON